26.07.2023

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ и коалиција не даваат поддршка за Уставните измени, тоа го велат и македонските граѓани

-Наназад цела година ние ги повикувавме седницата со оваа точка да ја стават на дневен ред, дека можеа да свикаат седница уште веднаш после оној 16 јули кога го изгласаа протоколот во Собрание, но ќе го дочекаме и тој ден и тогаш им следува како што кажав многу поголем студен туш, потенцираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во вестите на Алфа телевизија во врска со неприфаќањето на предлогот, Талат Џафери, на пленарната седница да ја стави точката за уставните измени веднаш на дневен ред и истакна дека тоа што вчера се случи во Собранието е студениот туш за власта.

Стојановска во текот на своето гостување порача дека опозициските пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даваат поддршка за Уставни измени затоа што тоа не го сакаат и македонските граѓани.

-Опозициските пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даваат поддршка затоа што тоа ни го велат македонските граѓани односно нашите гласачи и ние делуваме само на тој притисок. Секој останат притисок кој што можеби некој планира да го искористи или да го употреби во периодот кој што преостанува ќе им биде залуден. Мислам дека треба да се сконцентрираат барем да не го доживеат оној срам, дел од пратеници од нивната пратеничка група да се случи да не дадат поддршка на овие уставни измени како што веќе се погласно се зборува, рече таа.

Стојаноска во врска со вчерашното доаѓање на Ковачевски во Собранието кое беше со цел да ги оправда уставните измени укажа дека ништо ново не рекол Ковачевски на седницата.

-Затоа што тоа протокол го наложува односно деловникот за работа на Собранието, бидејќи треба предлагачот на било кој документ кој што доаѓа во Собрание и се отвара за расправа, прво да го образложи поднесувачот, тоа беше Владата на Република Македонија. Ништо ново не чувме како што и македонската јавност можеше да види и затоа за нас нема апсолутно никакво влијание она што го говори лик кој што прво не е избран од народот и лик кој што година и пол се мачи со функцијата кој што му е доделена, а гледаме дека апсолутно неуспешно си ја завршува така и ќе заврши, додаде таа.