27.07.2023

Власта на СДС и ДУИ е расадник за криминал, ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, половина од сите злоупотреби во регионот

Власта на СДС и ДУИ е расадник за криминал, ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства вл Македонија, половина од сите злоупотреби во регионотВласта на СДС и ДУИ е расадник за криминал, ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства вл Македонија, половина од сите злоупотреби во регионот.Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ истражува 18 случаи на измама и злоупотреба на европски пари во Македонија, тоа е една половина од сите измами во земјите од Западен Балкан.Бројката на случаи ја потврди и евроамбасадорот во земјава.Наместо кај граѓаните и компаниите европските средства очигледно завршувале во нечии џебови, тоа не можело да помине без знаење од власта. Не е возможно да има 18 случаи на злоупотреба на европски пари, а никој од власта да не знае за тоа.Врв на мизерија се изговорите на власта дека не знаат што се случува, а од Брисел и Вашингтон алудираат на огромни криминали и злоупотреби.Го повикуваме ЈО да не чека на ЕУ, туку веднаш да отвори истраги, а власта да не ги мачи граѓаните и да распишр избори. Со секој поминат ден на власт на СДС и ДУИ Македонија повеќе тоне.