
Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија
Светски ден на борба против ракот. Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија. Акцелераторот во ГОБ “8 Септември” иако промовиран најмалку 10 пати не е ставен во функција. Нема термини за КТ и МР со цел навремена дијагностика и третман, а за резултати се чека и по неколку недели. Нема термини […]
Read more »
Ковачки: Во одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев се виде неспособноста на власта на Ковачевски и Ахмети, каква ја гледаме во секој еден сегмент од државата, која е во распаѓање
Почитувани, Скандалозната организација за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев е најсилен доказ дека власта е одлепена од реалноста и дека се плаши од народот. Ова ли се плодовите на пријателството? Хеликоптери, борни коли и барикади. Договорот за пријателство е затруено дрво, а затруените плодови еве ги гледаме денес. Во одбележувањето на раѓањето на Гоце […]
Read more »
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, оставки веднаш
Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да […]
Read more »
Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност и дека со Ковачевски и Ахмети државата се распаѓа
Почитувани, Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите. Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли. Ова ли е заедничкото […]
Read more »
Калкулантството на членот на историската комисија Петар Тодоров е само последица на калкуланството на Ковачевски и предавничката влада на СДС
Тешко на Македонија кога опортунисти како Тодоров штитат идентитет, давајќи нејасни одговори на кристално јасни теми како идентитет, потеклото на Делчев, наши темелни црвени линии. Човекот на очиглед на целата јавност видовме како се препелка и тера политика, не се спротивставува на бугарските фалсификати, и наместо да разјаснува историски факти, се труди да оправда историски […]
Read more »
Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор
„За жал денеска се помалку е присутна надеж, се повеќе е присутно разочарувањето, мизеријата, болката за неправдата, болката дека нема правда, луѓето се чувствуваат опљачкани, осиромашени, понижени и голем дел од нив одлучуваат засекогаш да ги напуштат своите домови овдека во Македонија. Разочарани што не добиле вистинска шанса. Јас сум на факултетот каде што имам […]
Read more »
Мицкоски: Поради неспособноста на власта, денес бевме сведоци нa чин кој место да нѐ обедини, нѐ разединува, нѐ дели и затоа хеликоптери кружеа на небото
„Да бидам попрецизен за настаните кои што беа изминативе денови вклучително и она што денеска се случуваше претпладнево кога одадовме сите почест на великанот, на титанот Гоце Делчев, и професорот Ванчо Ѓорѓиев имаше прилично аргументирано и би рекол инспиративно излагање, еден универзитетски час би рекол поврзан заедно со паузата од 15 минути, но, можевме доста […]
Read more »
Ѓорѓиев со докази против бугарската пропаганда: Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец
На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец. „Автоголот на Бугарската историографија е […]
Read more »
Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна македонска држава
„Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, имаме 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од објавувањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за […]
Read more »
Го осудуваме односот на Спасовски и министерката за култура Стојчевска, стотици луѓе беа оставени да чекаат на студено време, додека претставниците на власта поминуваа кон гробот на Делчев
Владата на СДС и ДУИ е неспособна нормално и достоинствено да го одбележи настанот, 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Го осудуваме односот на Спасовски и министерката за култура Стојчевска, стотици луѓе беа оставени да чекаат на студено време, додека претставниците на власта поминуваа кон гробот на Делчев. Стотици луѓе беа оставени со саати […]
Read more »







