
Николоски ексклузивно: Во процедура има уште најмалку 17 тужби поднесени од Македонците во Бугарија против бугарската држава и со тоа бројката на пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур во корист на Македонците ќе биде повеќе од 30
Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, можеби ќе биде и вратена во мониторинг поради кршење на основните човекови права на етничките Македонци како што беше кажано од страна на известителот за Бугарија, се работи за докажана пратеничка од Исланд која го прави извештајот за Бугарија, […]
Read more »
Николоски: Од интерес на народот е изборите да се споени, за да не се трошат пари и да дојде нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе започне со решавање на проблемите
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа вели дека најдобро е претседателските и парламентарните избори да се спојат бидејќи во услови кога економијата е девастирана најмалку што треба е Македонија да троши од 8 до 10 милиони евра за одржување на изборите. Очајот нема […]
Read more »
Петкоска до Бектеши: Ветувавте дека комплексот „Македонско село“ ќе го претворите во стартап, а со години зјае празно
Денес после цели 3 години од изјавата за вашите приоритети не само што Македонско село не стана стартап село туку веќе не е ни туристичка атракција бидејќи зјае празно и е забрането за посетители. Идентично како се што е на најава и очекување, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница […]
Read more »
Средба Мицкоски-Прескер: Власта го креира криминалот, наместо да го спречува, а не сака да прецизира термин на избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер кој септември годинава стапи на должноста. Претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Прескер за ситуацијата во државава. Притоа во текот на разговорот акцент беше ставен на корупцијата и криминалот, како и на претстојните парламентарни и претседателски избори. Претседателот Мицкоски […]
Read more »
Лозановска до Владата: Само ја уназадувате Македонија, укинавте железнички линии на релација Скопје – Битола, во здравството нема никаква инвестиција
Се укинаа термини за железничката линија Битола – Скопје – Битола, претходно беа укинати Скопје – Кочани – Скопје, нема Скопје – Белград – Скопје, зошто се прави тоа кога се знае дека тоа е исплатлив и еколошки превоз, го праша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Олга Лозановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната […]
Read more »
Стојаноски до Ковачевски: Пропаста на економијата го зема данокот и 600 илјади граѓани живеат на маргини на опстанок, мислите ли дека просечен пензионер може да преживее од пензијата
Во изминатиот период беше актуелен извештај на Светската банка кој со жежок шамар ги симна розевите наочари на власта. Сиромаштијата и пропаста на економијата толку го зема данокот што 600 илјади граѓани живеат на маргини на опстанок, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Стојаноски посочи дека откако […]
Read more »
Станковиќ: Несериозно и недомаќински е СДСМ да гласа 2 милиони евра за ЈСП и Арсовска без било каков отчет
Ценев дека околу ова прашање треба да се произнесам и да го кажам моето мислење и мојот став бидејќи некако провејува за жал во јавноста дека Советот е тој што ја кочи работата на Јавното сообраќајно претпријатие. Јас имам сосема поинаков впечаток за тоа и затоа сметав дека треба денеска и да се произнесам на […]
Read more »
Ковачки до Ковачевски: Дали сте запознаен дека има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска и кога ќе го разрешите Оливер Спасовски?
На денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки постави две прашања до премиерот Ковачевски, дали е запознаен дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а […]
Read more »
Силјановска Давкова: Од каде му произлегува правото на Артан Груби да делува како менаџер на Бехтел и Енка парите на граѓаните и дали за него не важи Законот за влада?
За првиот заменик премиер Артан Груби, го гледаме како испраќа повици за вработување за приватна странска фирма Бехтел и Енка. Јас се прашувам дали за него важи законот за владата бидејќи во него во членот 8 пишува дека владата ќе обезбеди слобода на пазарот и претприемништвото и ќе оневозможи монополска положба, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, […]
Read more »
Мицкоски: Македонските граѓани ги интересира реалните проблеми во здравството, образованието, безбедноста, а власта одговорот за тоа ќе го добие на избори
Нема да има уставни измени под овие услови, затоа што овие услови се понижувачки, антимакедонски, не нудат развој, не нудат напредок и цениме дека тоа што го потпишаа, пред се Бујар Османи и Ковачевски, значеше да добијат уште некој месец во својата политичка кариера. Еве успеаја, добија уште година и половина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, […]
Read more »







