
Полека, но сигурно, се враќа достоинството на македонската полиција, СДС се тие кои ги оставија полицајците без униформи
На СДС му смета воспоставувањето ред во државата. СДС се исплашени од бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. СДС се во паника затоа што Панче Тошковски воспоставува ред во системот, го чисти хаосот и нередот кои ги оставија во министерството. СДС знаат дека доаѓа време за одговорност и дека правдата ќе ги стигне нивните инкриминирани […]
Read more »
Манасиевски: Дали за Филипче бизнисот на Онкологија бил поважен од граѓаните?
Почитувани, 2,2 милијарди денари за само 4 години, директорите на Филипче украле од државниот Буџет. Наместо терапии и лекови, пациентите на Онкологија добивале физиолошки раствори, а вистинските лекови биле крадени и препродавани по странство по многу поскапи цени. Останува нејасно, а воедно и денес го повикуваме ОЈО да истражи, дали Филипче има удел во случајот […]
Read more »
Размена на знаења, искуства и стручна експертиза, меѓу клучните придобивките од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство
Со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји. Овој договор обезбедува рамка од пет милијарди фунти, или шест милијарди евра кои ќе предизвикаат сериозен инвестициски циклус што ќе ја зголеми трговијата и […]
Read more »
Филипче должи одговори дали тој стои зад најголемите корупциски и криминални скандали во здравството во неговиот мандат
Венко Филипче, е поранешен министер за здравство. Филипче сега ја врши должноста претседател на СДС и верно му го чува местото на Зоран Заев. Но, Филипче е човекот кој ќе биде запаметен по тоа што во негов министерски мандат македонското здравство е паднато на колена, уништено, девалвирано, полно со криминал и корупциски скандали. Случајот Онкологаја, […]
Read more »
Јовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор кој влијае на стабилизација на стандардот
Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за платите во јавниот сектор каде потенцираше дека владата сака да направи се да се стабилизира целиот систем на плати, а потоа и да се пристапи кон системско решение со кое ќе […]
Read more »
Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче
Почитувани, Криминалите во здравството не би можеле да се случат без Филипче. Во периодот кога на пациентите им биле давани физиолошки раствори, наместо онколошки терапии, Филипче беше министер за здравство. Кога изгореа 14 луѓе во Модуларната боница, Филипче беше министер за здравство. Кога сакаше да ќари газда Венко од тендери со блиска негова веледрогерија и […]
Read more »
Здравство и образование врвни приоритети на Владата, ќе се реконструираат и градат болници, медицински факултет, студентски дом
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на подобрување на состојбите во македонското здравство и образованието. За да се има задоволен и мотивиран здравствен персонал кој ќе им овозможи квалитетна и соодветна здравствена заштита на пациентите, потребна е квалитетна здравствена и образовна инфраструктура. Современи и квалитетни услови за образување и работа на целокупниот здравствен персонал, е […]
Read more »
Бојковска: Законот за работно ангажирање на лица претставува значаен чекор во борбата против сивата економија
Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, и зборуваше на темата за Законот за работно ангажирање на лица-можност за дополнителна заработка, притоа истакнувајќи дека со овој Закон се мотивира работоспособното население да биде проактивно и претставува одлична можност за дополнителна заработка на младите, пензионерите и другите лица кои сакаат да бидат дополнително […]
Read more »
Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС
За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС. Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство […]
Read more »
Манасиевски: Венко не го разбира поимот грабеж, грабеж е кога газда Венко и газда Филипче мора да ќарат на тендер
Прашање: Како ги коментирате обвинувањата од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вчера од Штип изјави дека Договорот со Велика Британија претставува грабеж, а власта води нетранспарентна политика? Одговор: Сметаме дека Венко не го разбира поимот грабеж. Грабеж е кога на пример фирмата која гради на клинички ќе ти изгради хациенда како што тоа му се […]
Read more »







