СДС е во сериозна криза и паника. СДС се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје.
Според информации кои кружат во јавноста, помеѓу споменатите имиња за кои се тврди дека не прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје е и архитектот Ралев.
СДС добила негативен одговор и од адвокат близок до партијата кој одбил да се впушти во трка за која знае дека е однапред изгубена.
Во СДС никој не прифаќа кандидатура за градоначалник на Скопје. Сеуште не можат да најдат личност која би ја прифатила улогата за кандидат за градоначалник, а би доживеала тежок пораз во Скопје уште во првиот круг.
СДС не е фокусирана на програма или визија, напротив само бараат кандидат подготвен да се соочи со изборен неуспех.
СДС да не губат премногу време во барање на кандидат за градоначалник кој ќе доживее дебакл, наместо тоа да се консолидираат и бидат конструктивна опозиција.
Граѓаните на есен јасно ќе го изразат незадоволството од досегашните политики на СДС и ќе доживеат огромен пораз насекаде низ државата.