Почитувани,
Чест ми е да Ви ги презентирам дел од деталите на Законот за издавање на вредносни ваучери.
Станува збор за едно важно законско решение за младите, кое позитивно ќе влијае на животниот стандард на дури 55 илјади студенти во Македонија.
Од државната каса издвојуваме цели 850 милиони денари, односно по номинална вредност од 15.300 денари за секој студент на додипломски студии, до 29 годишна возраст.
Целта на ова законско решение е Собранието да ја предизвика сиромаштијата, да ја избрише нееднаквоста, и да придонесе против заостанувањето на генерациите во дигиталната ера.
Од следната учебна година, студентите ќе може да ги искористат овие пари за лаптоп или за таблет. Пари кои подоцна нема да треба да се враќаат, бидејќи студентите ја заслужуваат оваа поддршка од државата.
Ова го правиме затоа што знаеме дека нашата економија нема иднина без дигитализација, а без инвестиција во образованието и стандардот на студентите иднина нема ниту нашата држава.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи македонските студенти да заостануваат или да се создава нееднаквост помеѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат нов таблет или лаптоп компјутер, што во модерно време претставуваат основно помошно средство во образовниот процес.
Ова не го сметаме како трошок. Ова е инвестиција во нашите деца, во нашата иднина. Инвестиција која многукратно ќе и се врати на државата и ќе го засегне секој еден граѓанин во Македонија.
Ви благодарам.