
Никогаш не било полошо во Македонија отколку сега со Ковачевски, неговите две години мандат се изгубени за граѓаните
Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ. Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километри автопат не успеаа да завршат кон Блаце, а автопатот […]
Read more
Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ
Почитувани, Денес Димитар Ковачевски си дава оставка, ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ! Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата. Заради Ковачевски, Македонија оваа година го доби најнегативниот Извештај од ЕК. А […]
Read more
Адио Ковачевски, никогаш повторно, Талат Џафери човекот што ќе го изгаси светлото на владата СДС и ДУИ, се свири крај
Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал. Ковачевски донесе понижувања. 600.000 сиромашни граѓани кои живеат со по 150 денари на ден. Неред отсликан во постојани пукања, убиства и кражби кои останаа неразјаснети. Со […]
Read more
Заштитникот на криминалците Спасовски заминува како најнеславен министер на МВР со стотици скандали, убиства, мафијашки пресметки, бегства, кражби и киднапирања
Оливер Спасовски после 8 години конечно заминува од позицијата министер за внатрешни работи. Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница. Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. […]
Read more
Поради криминалот и корупцијата на власта на ДУИ и СДС нема европска иднина- тие имаат проблем со тоа што подразбираат под европски напредок
СДС и Кузеска имаат сериозен проблем со тоа што подразбираат по европски вредности и принципи. Тоа што СДС го нарекува европско напредување, во ЕУ се смета за тонење.Зарем последниот европски извештај на ЕК не е најдобар показател за наводната европска агенда на власта на ДУИ и СДС, извештај во кој се нотирани 10 НУЛИ, загрижувачка […]
Read more
Андоновска: За хаосот со градскиот превоз кој се случи, одговорни се Арсовска и директорот на ЈСП
Многу повеќе е јасно кој е одговорен за хаосот кој се случи деновиве со јавниот превоз во градот Скопје, одговорен е градоначалникот на Скопје, Арсовска и менаџментот односно директорот на ЈСП. Ние повеќе од година и пол апелираме до јавното претпријатие и до градоначалникот дека ова претпријатие се соочува со потешкотии во работењето. И ние […]
Read more
Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Новинарско прашање: Како ги коментирате вчерашните пораки на О`Брајан за објавување на планот за иднината на земјата? Одговор: ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања […]
Read more
Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници?
Почитувани, Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале.Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници?По кој основ фирмите Актико, потоа Окитна и […]
Read more
Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи 4 дена
Почитувани, Ковачевски, Пендаровски и ЈО четврти ден молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, кои успеале да го добијат со претходно склучен Меморандум со Националниот координатор за сузбивање на тероризам назначен од владата. Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука […]
Read more
Николоски: Реизбран сум за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа, благодарност до членовите на ЕНП
Во Сразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа.Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во […]
Read more
Субвенции за плати за ЈСП за ноември и декември изгласавме минатата година, причина за неисплаќањето на платите се неспособните Арсовска и Петревски
Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат. Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, не е советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ. Крсте Петревски и уште понеспособната градоначалничка Арсовска. Во месец […]
Read more
Славески: Градоначалничката бара свикувања на итна седница на Советот на Град Скопје за вработувања кои не и беа дозволени претходно, тука оправданост за таква седница нема и таква седница не е можна
Лаги не се разобличуваат со лаги. За тоа кој или дали е под притисок е многу јасно. Под притисок е тој кој менува ставови и менува партии, рече советникот и претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески реплицирајќи на советниците кои спореа со неговиот начин на работа како прв човек на Советот на Град […]
Read more
Стоилковски: Ако се било фиктивно од кого и за што Лукаревска ќе наплаќа данок, освен ако не се тоа парите дадени за поврат на ддв?
Почитувани, со исплата кон две фирми од УЈП буџетот е посиромашен за над 22 милиони евра, исплатени како поврат на ДДВ, а се работи за криминал. Залудни се обидите на Сања Лукаревска да демантира доколку не одговори: По кој основ фирмите АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на […]
Read more
Андоновска: Советот на Град Скопје носи одлуки за ЈСП, но директорот и градоначалничката не ги реализираат, им се истураат многу народни пари, а не прават ништо
Имаме контакти со граѓаните постојани, ама ниту ние не знаеме што да им кажеме. Надлежните воопшто не се транспарентни, рече на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска. Андоновска информираше дека Советот има донесено неколку одлуки за продолжување на автобуски линии, одлуки за нови линии и слично и Советот […]
Read more
Ковачки: Откако сопругите на Муслиу и Битиќи го добиле грантот, се обиделе да прикријат траги, 5 дена по одлуката Битиќи е избришана од официјално лице
Почитувани, Ова е дел од Меморандумот кој го потпишал Конзорциумот на невладини составен од невладините на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, а врз основа на кој е добиен грантот од 620.000 евра.Ова се потписите на сопругите на Битиќи и Муслиу. И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени […]
Read more
Струмичко-косовскиот скандал се проширува-Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ на фирми кои не се достапни за институциите
Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила. Имено документите покажуваат дека освен струмичката фирма АКТИКО, и друга струмичка фирма ХАНТОНОС, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски […]
Read more
Стоилковски: Лукаревска да ми нуди обука, ја чекам утре во 12 пред Обвинителство
Лукаревска во паника ми нуди обука. А јас читам документи од УЈП!Да си кусок 22 милиони евра од само две фирми заради поврат на ДДВ е сериозен проблем.Веројатно за прв човек на УЈП која нема завршено економски факултет, нормално во потсвест да и се обуките, но да го оставиме тој филм, утре ја чекам пред […]
Read more
Постои директна поврзаност меѓу НВО и функционери-во која НАТО земја сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со работата на службите
Фактите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде жената на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите и безбедносен интерес […]
Read more
УЈП и Лукаревска нека не кажуваат „гачки“- како дозволиле скоро отворена компанија да побарува 11 милиони евра поврат на ДДВ, а истата да плати данок од само неколку илјади евра
УЈП и Лукаревска пред недела дена ја убедуваа јавноста дека воделе некаква истрага за даночна злоупотреба и ја завршиле. Сега излезе на виделина нов, уште поголем скандал со поврат на ДДВ. Ова е добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски […]
Read more
Димитриеска Кочоска: Штотуку основани фирми во Југоисточниот регион веднаш почнале со пријава на огромни суми за повраток на ДДВ, УЈП требало навремено да реагира
/Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 зборуваше за злоупотребата на повратот на ДДВ-то во компании во југоисточна Македонија и потенцираше дека штотуку основани компании веднаш почнувале со пријава на огромни суми за повраток на данок, додавајќи дека за ова требало да реагира регионалната дирекција на УЈП […]
Read more
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи членови за техничка влада без да го гласа Џафери, на СДС е да одбере дали ќе ги крши законите и ќе го загрози изборниот процес
Мачно е да се гледа како Ковачевски буквално го моли ДУИ да му стане партнер на наредните избори. На добар пат е Ковачевски и Заев да ја претопат СДС во Социјадемократски сојуз на ДУИ. Дали тоа го договараа на средбата Заев, Ковачевски и Ахмети, каде единствено со тефтер за запишување на мудрите идеи дошол Ковачевски.Ваквото […]
Read more
Хаосот со издавање на личните документи продолжува, Ковачевски, Пендаровски и Османи си играат пинг понг за проблемите на граѓаните
Наместо решение, хаосот со издавање на лични документи продолжува. Власта си игра пинг понг со проблемите и маките на граѓаните.Додека јавно си ја префрлаат топката кој да се јави кај нашиот јужен сосед, Пендаровси, Ковачевски и Османи, граѓаните се оставени да се буткаат во редици за сликање и подигање за личните документи.Како да не беа […]
Read more
Власта наместо да ја „откачи“ ја наградува со нов договор агенцијата за обезбедување која го дозволи упадот во М-НАВ, новиот тендер сомнителен
Вредностите на квази-европскиот фронт на ДУИ и СДС на дело се видоа со скандалот со упадот во М-НАВ. Не само што загрозија меѓународен воздушен сообраќај, не само што беше извршено физичко насилство во контролна кула, туку од петни жили се правело се овој случај да се забошоти и прикрие.Наместо агенцијата 2СС која го обезбедувала објектот […]
Read more
По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ
По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ. Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ. Бандитите од европската ДУИ го загрозиле авиосообраќајот, само затоа што вработените не го прифаќале диктатот на власта […]
Read more







