
Сајкоски по земањето на уверенијата од ДИК: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада
Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија.Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за […]
Read more
Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар на новата влада, очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица
„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде […]
Read more
Клековски: Отсуството на Пендаровски на инаугурација на Силјановска Давкова е за секаква критика, Силјановска имаше говор за сите суштествено важни теми за Македонија
Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски кој што го осуди отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски на инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова. „Една битна разлика во нашето општество и нашата држава, кога губиме го губиме спортскиот дух и не можеме да прифатиме пораз а не […]
Read more
ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите
Во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта, го испраќаме следново соопштение: ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се […]
Read more
Мицкоски: Имаме многу индиции за криминал и многу докази кои ни се доставени, ќе има одговорност
Во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва, потенцирајќи дека ќе има одговорност.„Имаме многу индиции, сведоштва посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг се случија многу сведоштва од многу луѓе кои […]
Read more
Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција
Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија […]
Read more
Митева: Новиот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гласот на граѓаните, ќе ја оправда довербата дадена од граѓаните и ќе ги штити македонските национални интереси
-Би требало некаде во крајот на месец мај да се конституира новиот пратенички состав. Очекуваме идната претседателка да го додели мандатот на претседателот Христијан Мицкоски како мандатар затоа што се освоени најголем број на пратенички места и некаде очекувам дека во месец јуни ние ќе го имаме заокружено овој процес и ќе имаме идна влада […]
Read more
Мицкоски за владата во заминување: Не може континуирано со својот народ да работат со инжињеринг и манипулации
-Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа […]
Read more
Митева: Граѓаните не треба да имаат дилема, се она што сме го ветиле и сме се обврзале ќе го оствариме, тоа ќе се види уште во првите 100 дена од мандатот
„Платформата 1198 се работеше многу години наназад и е плод на едни теренски посети и средби со граѓаните кои ги остварувавме како една најактивна опозиција во историјата на Македонија која постоела затоа што постојано бевме на терен и помеѓу граѓаните. Детално се запознававме со нивните проблеми и она што навистина претставува нивен тежок животен стандард […]
Read more
Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место
Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место. 1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард. 2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на […]
Read more
ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче
ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката. Фактот […]
Read more
Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?
Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.Предметот на ЈО за работата […]
Read more
Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, […]
Read more
Николоски: Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има
„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа […]
Read more
Николоски: Четирите про опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова, тоа значи дека или немаат елементарно чувство за државата или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети
„Конкуренцијата главно се занимава со злоупотреба на здравствениот систем во Македонија. Во секоја општина во ИЕ 4 има по еден јатак, едно лице кое го има задолжено да оди по луѓе и да ги прашува дали има здравствени проблеми и ако има здравствени проблеми да им закаже преглед или недај боже нешто посериозно и на […]
Read more
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да […]
Read more
Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите, жестока борба со корупцијата и економска трансформација од која сите ќе бидат задоволни
Денес унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Брвеница во дворот на црвата Св. Никола во Челопек организираше одличен настан во кој учество имаа земено и млади девојки во поречка носија оттука го честитаме први мај меѓународниот ден на трудот и се обврзуваме како идна влада со програмата платформа 1198 дека ќе имаме широк дијалог со […]
Read more
Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата, решението е да ја направиме Македонија повторно твоја
Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија. За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница. Проблемите се многубројни, но решенијата […]
Read more
Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал
Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал. Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, […]
Read more
Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општините, вклучително и за Гази Габа
Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина […]
Read more
Сајкоски од Мечкин Камен: Од симболот на македонската борба ве повикувам да се обединиме против криминалот и корупцијата за да донесеме подобар живот
Почитувани граѓани на Крушево, македонски граѓани. Ве повикувам тука од симболот на македонската борба, од симболот на македонскиот непокор, од Мечкин Камен. Ве повикувам од местото каде што македонските граѓани се обединија против неправдата, се обединија против тиранијата се обединија за да имаат подобар живот. Денес, тука од Мечкин Камен сакам да порачам до сите […]
Read more
Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада
„Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или […]
Read more
Мицкоски: Како може Ковачевски да очекува да му веруваат граѓаните кога не му веруваат најблиските од семејството, оттука на 8 мај очекувам убедлива победа на Силјановска Давкова и Коалицијата Твоја Македонија
Жалам што во Димитар Ковачевски дури и неговото семејство нема доверба, а ја очекува довербата од граѓаните. Не знам кој е одговорен од луѓето кои ги составуваат неговите пораки, но за ваква порака не гледам потреба и мислам таа порака е погрешна, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во врска со […]
Read more
Николоски:Број еден приоритет ни е борба против криминалот и корупцијата
-После првиот круг се појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 во своето гостување во емисијата „Политиканти“. Тој во текот на своето гостување посочи дека предизвик број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се соберат луѓе кои ќе сакаат […]
Read more







