
Николоски: Власта нема план за оваа зима, а Македонија се движи кон банкрот
„Клучното прашање е дали Македонија ќе успее финансиски да се одржи односно да не се доведе државата во банкрот. Во моментов дупката во Буџетот има проектирано според последниот ребаланс над 900 милиони евра. Три години со ред значи и пред оваа енергетска криза Владата на СДСМ и ДУИ носи буџети кои што имаат дефицит надвор […]
Read more
Николоски: Омилената агенција за правење анкети на Владата доби 400 илјади евра за четири дена промоција на вински саем во Белград
Ова е најдобар доказ зашто си заминуваат луѓето од Македонија. Омилената агенција за правење анкети на Владата наречена „Рејтинг“ доби 400 илјади евра со еден учесник на тендерот за четири дена промоција на Македонија на вински саем во Белград. Веројатно се работи за најскапата промоција во историјата на Македонија, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски […]
Read more
Николоски: Неопходни се предвремени парламентарни избори, власта да не бега од избори, народот со нетрпение очекува да се изјасни за своето расположение
При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Димитар Ковачевски дека победиле на локалните вонредни избори истакна дека неопходно е да што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот кој со нетрпение очекува парламентарни […]
Read more
Трипуновски: Ковачевски и Николовски го уништија АД Водостопанство, трет месец по ред над 500 вработени немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување
Почитувани, Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во државата. Трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Додека Ковачевски и Николовски шетаат и трошат народни пари, над 500-тини семејства едвај преживуваат. Во време кога има двоцифрена инфлација, скапа струја и […]
Read more
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за образованието антимакедонската СДС не може да го искречат, а платите ги зголемивме и до 110%
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за образованието антимакедонската СДС не може да го искречат, а платите ги зголемивме и до 110%. Не е точно дека платите во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ се зголемени за 4%. Зголемување во висина од 60% беше направено за највисоките плати, а 110% за најниските плати. Во време на ВМРО-ДПМНЕ […]
Read more
Македонија на врвот од земјите во Европа по инфлација
Согласно податоците за месец јули, Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во регионот и Европа. Тоа е резултатот на неспособната и криминална власт на СДС и ДУИ. Државата во месец јули забележа просечна стапка на инфлација од 16 %, што е повисоко од инфлацијата во Србија, Црна Гора и Албанија, каде за тој […]
Read more
Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски
Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски. Владата на антимакедонската СДС за да може да прави криминал увезува скапа струја, наместо да произведува во домашните капацитети, по далеку пониски цени. ТЕЦ Неготино работи со капацитет од 90 мегавати, и неискористени се 130 мегавати. Тоа е струја која се увезува од […]
Read more
Половина милион наши сограѓани живеат на праг на сиромаштија, а Ковачевски за вински фестивал дава 400.000 евра народни пари на омилената агенција Рејтинг
Во услови кога 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштијата, Владата на антимакедонската СДС и Димитар Ковачевски трошат 400.000 евра народни пари на омилената агенција Рејтинг. Истата фирма агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов во период од 2017-та до 2022-та година, само од Владата добила 5 тендери во вкупна вредност од […]
Read more
Антимакедонската СДС се обидува својата неспособност да ја покрие со лаги – во време на Мицкоски цената на струјата се намали, а сега во нивно време поскапува
Штетните политики на антимакедонската СДС во енергетиката, граѓаните ги чувствуваат по својот грб. Затоа антимакедонската СДС се обидува со лаги и манипулации да ја покрие својата неспособност, неодговорност и криминалите. Но фактите се очигледни. Во време на Ковачевски се купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицковски како директор набавуваше 40% поевтина струја за […]
Read more
Томовски: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите
Почитувани, Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите. Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите […]
Read more
Митева: Целосна неподготвеност, стартот на учебната година без учебници и свидетелства, одговорност од власта нема
На денешната прес конференција портпаролката Марија Митева од медиумите беше запрашана како го коментира стартот на учебната година, со оглед на тоа дека имаше многу проблеми околу учебниците и свидетелствата. „Целосна неподготвеност е дефиниција која можеме со сигурност да ја употребиме кога станува збор за први септември и стартот на учебната година. За жал први […]
Read more
Митева: Стопанството губи 1 милион евра дневно затоа што криминалната власт не произведува доволно струја
Почитувани, Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за МWh, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени. ТЕЦ Неготино работи со половичен капацитет и од максималните 220 мегавати работи само со 90. Цената на производство на електричната енергија во ТЕЦ Неготино е над 150 евра по MWh. Со само […]
Read more
Ниту еден министер не се вклучи во справување со невремето, одговорност за потрошените милиони за градобијни ракети кои не спречија невреме
Невремето кое завчера го зафати Скопје покажа дека Македонија нема Влада. Општините и народот беа оставени сами да се справуваат со последиците од големото невреме. Локалните власти дури и самите мораа да ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром. Никој од функционерите […]
Read more
Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг за да ја нема Македонија на рекламите
Додека над 400 илјади граѓани живеат во сиромаштија, владата на антимакедонската СДС доделува 400 илјади евра на агенција Рејтинг за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино и претставување на саем. Да биде скандалот уште поголем, токму на тој саем, според информациите на медиумите е забрането користење на термините МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИ […]
Read more
Има разлика, Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот
Има разлика, Ковачевски купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот. Владата на антимакедонската СДС откако е на власт го намали домашното производство на струја и за 3 терават часа. Тоа е струја која наместо да се снабдува од домашни извори се увезува. Скапата струја која […]
Read more
Шопова: Кој ќе биде одговорен за пациентите кои имаат потреба од интензивно лекување, а нема каде да се лекуваат
/Едно невреме и колапс на целиот систем…Кој ќе е одговорен сега за пациентите кои имаат потреба од интензивно лекување?Кој ќе ги транспортира од клиниките до останатите центри во државата…имаме ли таква можност ?Кој и дали ќе одговара за ова што ни се случува во здравството?Не ли е на повидок нов шок на граѓанинот не само […]
Read more
Митева: Претседателот Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја и до 33% пониско од берзанската, СДС лажат кога обвинуваат дека е купувана скапа струја
Почитувани, Најкриминалната влада предводена од Ковачевски водена од желбата за профит при купување и продажба на струја, свесно го уништува енергетскиот сектор кој работи под оптималниот капацитет. Истото се случува за да можат одредени трговци да заработуваат милиони евра. Како и за се друго, антимакедонската СДС повторно се обидува да ја префрли вината кон друг […]
Read more
Ангелова: Со поддршка на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Градот ќе реконструира улици во Ченто и Гази Баба
„Врз основа на надлежностите на Советот на Град Скопје, донесувањето на оваа одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка за остварување на заеднички интереси и заеднички работи од надлежност на општините е од многу големо значење. Имено, улицата „Кристофер Жефаровиќ“ се наоѓа во населба Ченто, општина Гази Баба, повеќе од три години истата оваа улица е […]
Read more
Власта пак ја изненади почетокот на учебната година – криминални тендери не забораваат, ама учебници за децата за жал да
Министерот за образование е целосно одлепен од реалноста. Неговата изјава дека ја почнуваат учебната година поподготвени од претходните би била смешна да не е трагична. Почетокот на учебната година повторно ја изненади неспособната власт на СДС и ДУИ. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни […]
Read more
Муцунски: Отворена линија за пријавување на штета од невремето, телефонски број 2400970
Службите на Општината во координација со ЈП ,,Паркови и зеленило” и утрово се целосно ангажирани за отстранување на штетите предизвикани од силното невреме кое го зафати Аеродром. На терен сме заедно со граѓаните и ги ангажираме сите расположливи човечки ресурси и целата механизација со која располага Општината. Наскоро ќе бидат отстранети сите дрвја, гранки и […]
Read more
Костовски: Останува отворена телефонската линија 075274421 на која граѓаните можат да пријават проблеми од невремето
СЛУЖБИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ ПРОДОЛЖУВААТ СО РАБОТА Продолжуваме на терен заедно со граѓаните до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати нашата општина вчера. Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата. Ќе бидат отстранети сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат […]
Read more
Ѓорѓиевски: Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина
Кисела Вода се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во Општина. Со општинските служби и денес сме на терен. По синоќешната интервенција на кризниот штаб која траеше до доцна во ноќта и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата […]
Read more
Вељановски: Времето на неработниците е завршено, поднесено барање до претседателот на Советот на Општина Карпош за отпочнување на процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница
/Почитувани граѓани на Карпош, Почитувани граѓани на Република Македонија, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, господинот Бранко Ристов за отпочнување на процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот. Треба да се […]
Read more
На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се проширува автобуската линија број 2 од Сарај се до Ченто
/„Како што е редот, јас ја предложив и ќе треба да ја образложам иницијативата, како што напоменав кога ја предложив точката на Дневен ред за автобуската линија со број 2 која што сега сообраќа на линија Сарај – Автокоманда, со оваа иницијатива за измена и надополнување на одлуката за линиски превоз на патници во градот […]
Read more