02.09.2022

Николоски: Омилената агенција за правење анкети на Владата доби 400 илјади евра за четири дена промоција на вински саем во Белград

Ова е најдобар доказ зашто си заминуваат луѓето од Македонија. Омилената агенција за правење анкети на Владата наречена „Рејтинг“ доби 400 илјади евра со еден учесник на тендерот за четири дена промоција на Македонија на вински саем во Белград. Веројатно се работи за најскапата промоција во историјата на Македонија, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање за 400 илјади евра доделени од страна на Владата за само четири дена промоција на вински саем во Белград.

„Во суштина се работи за нешто друго, се работи за господинот Спасов кој што е човек кој што од позадина го води ПР-от на владејачката политичка партија, се работи за шефот на кабинет на премиерот, Мартин Павлов кој што до скоро беше вработен таму и кои што очигледно нашле начин како да се намират себе, а да си ги намират и активностите кои што ги имале, истакна Николоски.

Тој најави дека ова е една од работите за кои се прават добри досиеја за кои ќе бидат отворени истраги веднаш после промената на власта.