Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Почитувани, Венко Филипче и СДС напаѓаат се што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува. Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна […]

Read more

Со ВМРО-ДПМНЕ на месечно ниво платите растат околу 370, а пензиите за околу 300 денари, додека со СДС на власт платите растеа по 220, а пенизиите по 90 денари

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните. Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, разликата е очигледна. Кога […]

Read more

За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети. Кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар […]

Read more

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници. Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност – вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата […]

Read more

Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

Почитувани, Денеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните. Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо. Ајде да направиме директна споредба. Во јуни 2017 година, кога СДС дојде […]

Read more

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника

Почитувана јавност, СДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов  – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните. Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси. Филипче и СДС треба да знаат дека едно се  инвестиции од […]

Read more

За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

/

Филипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава. Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана. Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за […]

Read more

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ трета година по ред со мерка за поевтин школски прибор

По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува мерка за поевтин школски прибор до 10% пониски цени во големопродажба и 15% во малопродажба. Целта е родителите да имаат помали трошоци во периодот кога семејните буџети се дополнително оптоварени со подготовки за училиште. Мерката опфаќа производи што секое семејство ги […]

Read more

Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ  не прави ништо штетно за граѓаните

Почитувани, Венко Филипче и неговото СДС координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните. Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на […]

Read more

Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет

Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало. Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, […]

Read more

Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди

Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и […]

Read more

До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

/

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава. Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците […]

Read more

Петрушевски: Дата центрите се капитално интензивни инвестиции, тоа значи нови услуги, знаења и диверзификација на економијата

Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија. Прашањето не е дали светот ќе користи дата центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе плаќа на […]

Read more

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

Почитувана јавност, Венко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти. Замислете Филипче се фали со дел од правосудството […]

Read more

Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени 

Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат […]

Read more

СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот

СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот. Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на […]

Read more

ЈАВЕН ПОВИК

/

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКИ НА ОПШТИНСКИТЕ КОМИТЕТИ НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ Согласно Одлуката на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на членовите 64 и 70 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 78 од Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унија на жени на […]

Read more

Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

Почитувани, Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на седницата се разговараше […]

Read more

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по цена на човечки животи, како во времето на СДС и Филипче

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што […]

Read more

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен

Љупчо Пренџов, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект […]

Read more

Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната 

Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко […]

Read more

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот 

Почитувани, Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб. Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар. Владата донесе одлука да го откочи […]

Read more

Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин

Почитувана јавност, Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е […]

Read more

Наспроти најавите и црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат

Кога СДС нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу […]

Read more