26.08.2026

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКИ НА ОПШТИНСКИТЕ КОМИТЕТИ НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Согласно Одлуката на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на членовите 64 и 70 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 78 од Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен Повик за кандидирање на Претседателки на Општинските Комитети на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во следните општини:

Македонски Брод, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани, Центар, Карпош, Сарај, Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово, Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Зелениково, Петровец, Илинден, Чешиново- Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Лозово, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Велес, Градско, Чашка, Радовиш, Конче, Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кривогаштани, Могила, Новаци, Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Демир Хисар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Дебар, Гостивар, Тетово, Теарце, Брвеница, Јегуновце, Боговиње.

Кандидатите за претседателки на Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат членки на ВМРО-ДПМНЕ.

За поднесување на кандидатурата, потребно е да се достават биографија (CV) и мотивациско писмо, во кое кандидатките ќе ја образложат својата визија и приоритети за работа и развој на Општинскиот комитет.

Документите се доставуваат по електронски пат на [email protected] или лично во седиштето на партијата, Палата „Др. Христо Татарчев“ (Плоштад ВМРО бр.1), најдоцна до 9 (среда) септември 2026 година.

По доставувањето на кандидатурата, кандидатките кои ги исполнуваат предвидените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите кандидатки имаат еднакви можности и шанси за избор. Процесот на избор ќе се темели на нивните лични и професионални квалитети, мотивација, посветеност и јасно дефинирана визија за развој и унапредување на работата на Унијата на жени на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ја провери точноста и веродостојноста на податоците наведени во биографијата на секоја кандидатка.

Сите доставени кандидатури ќе се третираат со строга доверливост, со цел обезбедување соодветна заштита на личните податоци на кандидатките.

УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Биографија-и-апликација.docx