Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје?

Почитувани, Оливер Спасовски како министер е должен да каже зошто Комисија формирана од него, а водена од Музафер Каришиќ дала одобрение за оружје на Шукри Асани човек со досие од криминалната група Грчец на сега ликвидираниот Жила? Спасовски како министер е должен да соопшти колкумина со досиеја од групата на ликвидираниот Жила имаат одобренија за […]

Read more

Стојаноски пред просториите на Електра Солушн за долна облека: Ова е стручната фирма за која зборуваат Груби и Ковачевски дека ќе го врши надзорот на Коридорите 8 и 10д

/

Почитувани, Се наоѓаме пред влезот на поранешна „Свилара” од Велес, погони во кои е регистрирана Електра Солушн, во овие погони, оваа фирма која сега ќе го врши надзорот над Коридорите 8 и 10д произведувала долна облека. Тоа е експертизата која ја има Електра Солушн, од текстилен погон, до надзор на најскапиот градежен проект во државата. […]

Read more

Јаулески: Ковачевски ги излажа студентите- дојде март нов закон за субвенцираниот оброк нема

Почитувани, На Таче му се кратки нозете. Ги гледаше во очи и ги излажа студентите. Токму тука, во Собранието, во попладневните часови во ноември Премиерот триумфално објави слика дека постигнал договор со студентите. Имено, согласно тогашниот договор се продолжи примената на законот за субвенциониран студентски оброк до март 2023та година со ветување дека во период […]

Read more

Ниту просечната, а не пак минималната плата, може да ја покрие двоцифрената инфлација и сиромаштијата во државата во која ја доведоа криминалците од СДС и ДУИ

Двоцифрената инфлација во државата го изеде стандардот на граѓаните. Ниту просечната, а камо ли минималната плата, може да го покрие драстичното зголемување на цените во продавниците на сите продукти без исклучок. Поради неспособноста на власта и криминалот кој го прават секој ден инфлација во Македонија достигна 17.1%. СДС се фалат со покачување на минималната плата […]

Read more

Стоилковски: ДУИ му ги брои месеците на привремениот Ковачевски, а премиерот за кој зборува Османи е продолжение на дуизацијата на институциите кои се оценети како корумпирани

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Бујар Османи дека наскоро ќе има премиер Албанец, истакна дека ДУИ му ги брои месеците на Ковачевски кој сите го гледаат како привремен, а тој за кој Османи зборува ќе биде само продолжение на процесот на дуизација на институциите кои и меѓународната ги […]

Read more

Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје? Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната […]

Read more

Стојаноски: Потонаа сите лаги на Груби и Ковачевски за странски експерти при надзорот, 70% од парите ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на криминалецот со меѓународна потерница Димитријевиќ

Почитувани, Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на Коридорите 8 и 10Д. „ИРД“ е само носител на Конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра Солушн“ која вади лиценца во сред јавен повик и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за […]

Read more

Симеонов во колумна за „Република“: Нашето здравство…

После еден час до Скопје и уште еден низ Скопскиот метеж се приближуваме кон Клиничкиот центар. Нашиот доктор после подолго неуспешно обидување да ми помогне ме упати на Клиника. Пред влезот колони возила до падините на Водно. Испречени коли, нервозни, збунети и исплашени луѓе. Влеговме во колоната и се надеваме дека таа е вистинската. Од […]

Read more

Стоилковски: Одобрил ли Каришиќ од МВР дозвола за оружје на криминалец од листата безбедносен ризик?

Почитувани, Убиства, пукање, брутални ликвидации, исчезнати, киднапирани, крвави бегства од затвор, Македонија се претвори во мафијашки терен затоа што институциите наместо да го гонат криминалот тие шуруваат со него. Полицијата со Оливер Спасовски и со Сашо Тасевски се претвори во огранок на мафијата. Почитувани, Десната рака на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, началник на крим […]

Read more

Стојаноски: ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата на истиот

Почитувани, Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д. 1. Прво, власта распишува тендер […]

Read more

Стојаноски: Потрошувачката кошничка укажува дека власта не може да ја заузда инфлацијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага антикризни мерки за системско решение

Ние побаравме систем кој ќе функционира на подолги патеки, затоа што и денешното замрзнување на цените е со времен карактер до 31 мај, а потоа по она што се бројките секогаш кога имало ограничувања, откако ќе заврши таа мерка, цената се качувала неколкукратно, изјави патеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „Тема на денот“ во дневникот […]

Read more

Стојаноски: Епски криминал од 22 милиони евра за коридорите 8 и 10д кои ќе ги плаќаат граѓаните, кинеска фирма ќе врши надзор, 5 клучни работи укажуваат на криминал

Еклатантен пример за епски криминал од 22 милиони евра кои граѓаните треба да ги платат за треба да завршат во приватните џебови. Се работи за Конзорциум кој го носи името ИРД и составен од 4 компании од кои едната е Ептиса која во моментов компанија што спорна, друга странска и две домашни. Едната е Електросолушн […]

Read more

Стојаноска: Ниту скапиот ПР не и помага на власта, премногу криминал има во Македонија и не залудно паѓа процентот на доверба на граѓаните во институциите

„Власта со својата ПР машинерија прави дефокус, дефокус од нивната неспособност.  А, тоа што мислат дека испраќаат порака дека народот треба да им се плаши и дека тие се најмоќните мислам дека уште кратко време ќе трае. Свесни се на тоа и затоа гледаат да го искористат ова уште малку време што им останува со […]

Read more

Стојаноска: За шест години власта ништо не направи за справување со корупцијата напротив таа е главна улога во креирањето на коруптивен систем во Македонија

„Многупати имам говорено на оваа тема, и впрочем мислам дека нема тема или точка во Парламентот било на Пленарна седница или на комисиска седница каде што не можеме да не се надоврземе и да ја споменеме темата корупција бидејќи е општо присутна во нашиот систем“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување […]

Read more

Не сме знаеле дека СДС ја измислиле способноста на луѓето да комуницираат помеѓу себе, да не треба и аплауз како за Филипче?

Не сме знаеле дека СДС ја измислиле способноста на луѓето да комуницираат помеѓу себе. Нека кажат дали треба и аплауз како за Филипче? Што се однесува до акцијата „Заедно со народот“ таа е нов тип на акција, која ќе опфати стотици тимови на партијата кои ќе го посетат секој опозициски расположен граѓанин. СДС се плаши […]

Read more

Муцунски: Со оваа власт гледаме криминал и корупција, како со изборот за компанија за надзор на коридорот 8 за која самата влада претходно укажала работи незаконски и нерегуларно

Мнозинството не е стабилизирано, не е зголемено, познавајќи го начинот на кој функционира оваа влада постојано ќе бидат предмет на уцени. Тие не функционираат врз основа на план и програма, да функционира така за овие дополнителни 3 милијарди евра задолжување што се случија ќе имаше крупна капитална инвестиција, а не најголемата пофалба да им биде […]

Read more

Муцунски: Мој приоритет е да се реализира целосната програма, а како Општина ги надоместуваме недостатоците кои што Арсовска не ги решава

„Дефинитивно е предизвик да се управува една од најголемите општини во Република Македонија во времиња кои се турбулентни, специфични заради начинот на кој што сите овие кризи влијаат и врз финансирањето на локалната самоуправа. Во период од година ипол успеавме да отпочнеме проекти кои што се ветени во програмата и кон тоа што сме фокусирани […]

Read more

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре почнува акција „Заедно со народот“ стотици тимови од партијата ќе ги посетат сите ажурирани членови и народот кој е против власта која го краде

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ започнува со акцијата „Заедно со народот“, од утре стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија. Тимови од партијата во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои […]

Read more

Пренџов: Оваа влада е непринципиелна, не излегла на избори и ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери

Во вечерашната емисија „За или Против“  на Алфа телевизија пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека оваа влада е непринципиелна, не излегла на избори а ова не е европски фронт туку фронт за спас на некои политички кариери. „Ова е непринципиелно што се случува бидејќи имаме класично изигрување на волјата на граѓаните во […]

Read more

Николоски: Во Брисел ќе алармирам дека состојбата во Македонија е далеку од розева, криминалот цвета, а економијата тоне

„Советот главната улога би ја имал кога ќе почнат преговорите за членство со ЕУ. Македонија за жал ги нема почнато преговорите за членство со ЕУ иако тоа долг временски период власта го најавува“, истакна Александар Николоски, претседател на Национален совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за дневникот на Алфа телевизија. Николоски додаде […]

Read more

Груби е потонат до гуша во криминал, не одговори на клучните прашања и сомнежите дека тендерот за надзор е местен за ИРД- ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг, нервозен е затоа што знае дека ќе има одговорност

Артан Груби е потонат до гуша во корупција и криминал. Тој брани тендер кој смрди на наместена работа за Конзорциумот воден од ИРД, а во состав на ЕПТИСА, Електра Солушн и Евро Консалтинг. Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е […]

Read more

Стојаноски: Криминал од епски размери за надзор на коридорите 8 и 10д за набавка од 22 милиони евра, компанијата од негативна станала позитивна, менувани се и условите во тендерот

Ова што се случува со изборот на компанија за надзор е еклатантен пример зошто како држава изминативе 6 години не може да тргнеме ни чекор понапред. Тендери во 4 очи и местење на тендери од многу сериозни суми. Овде се работи за криминал од епски размери, за набавка од 22 милиони евра, изјави пратеникот од […]

Read more

Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна

Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна. Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците. Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, […]

Read more

Стојаноски: Задолжувањето е неиздржливо, само оваа година власта ќе не задолжи 1,6 милијарди, а нема капитални инвестиции, време е да понесе некој одговорност

Задолжувањето е апсолутно неиздржливо, 700 милиони евра буџетски дефицит при идеални услови на исполнување на буџетските приходи за кои знаеме дека секоја година не се исполнуваат, буџетскиот дефицит ќе се зголемува имајќи ја во предвид економската активност на владата и падот на индустриското производството, седми квартал по ред пад на градежништвото кое е најсериозна гранка […]

Read more