28.12.2022

Реакција од Наум Стоилковски на лажната пропаганда на СДС

Им ја честитам отворената соработка и поддршка на СДС кон Данела Арсовска и потврдата на Тачела коалицијата во Град Скопје наспроти проектите за скопјани.
Очекував дека СДС денеска ќе соопшти дека Тачела коалицијата се сретна со приватните превозници, како што им беше ветено, дека ќе им го покрие долгот од ЈСП цели 1,5 милиони евра.
Но залудно, СДС останува на линија на празни зборови.
Наместо празни памфлети, СДС можеше да одговори дали гласаа во буџетот на Град Скопје за 2023 година да има 0 (со букви: НУЛА) денари за нови паркинг места, катни и монтажни гаражи? Дали го одбија амандманот за зголемен буџет за помош на социјално ранливи категории, одбија амандман за градба на инфраструктура, булевари и кружни текови?
СДС можеше да одговори дали здружено со Левица и ДУИ изгласаа буџет за непродуктивни трошења, трансфери и маркетинг на Данела Арсовска, наспроти проекти За модерно Скопје?
Со буџетот се одбија проекти ветени од самата Арсовска во програмата „За модерно Скопје”. 
На здравје новата коалиција на СДС со Левица за неспособноста на Данела Арсовска!