28.12.2022

СДС е партијата осудена од нивниот суд дека шири клевети и лаги, ниту едно нивно глупаво соопштение не го покрива срамот дека ја заглавија државата со уцени и криминал

Почитувани,
СДС е партијата која беше осудена од нивниот суд дека шири лаги и клевети врз Мицкоски.
Ја разбираме фрустрираноста на СДС и Ковачевски од Христијан Мицкоски, но треба партијата да си погледне во својот двор и таму да ја побара вината зошто не и оди на државата.

СДС се фрустрирани зошто Мицкоски го испрати во политичка пензија Заев, а сега на ред за тоа е неспособниот дезертер Ковачевски.

Принцот на лагите и криминалот во оваа држава се СДС. Лажат дека има преговори со ЕУ, а државава е блокирана со нови уцени и нови остапки за да тие продолжат.  СДС е креатор на спорот со Бугарија.

Ковачевски е мозокот на аферата Броило каде тој и неговиот кум преку шеми на нивни фирми правеле милиони од државни компании и испумпувале пари.

Ковачевски фиткивно преку неговата сопруга формирале компании кои работат со државата.

Стотици функционери на СДС имале тајни имоти.

Додека тоа го прават, коалицијата СДС-ДУИ-Левица функционира во Градот Скопје. Лепакот на тоа се парите и тендерите.
И додека се случува тоа Ковачевски е во скутот на Али Ахмети и Зоран Заев.
Поминува година на афери и скандали и затоа народот ќе ги казни.