16.11.2026

Ристовска Додевски: Два месеци учениците од Центар без бесплатниот оброк ветен од Бетон Герасимовски во предизборието

Почитувани,

Два месеци учениците од Центар се без бесплатниот оброк ветен од Бетон Герасимовски, кој беше ветен во предизборието.

2500 ученици од Центар и натаму си го плаќаат својот училишен оброк, заради неспособноста на Бетон Герасимовски и администрацијата на СДС.

За да го прикрие својот неуспех, другарот на Филипче, излезе со предлог во Советот на Општина Центар, наместо бесплатен оброк, истиот да биде субвенциониран. Но, таа сума не покрива ниту половина од месечниот оброк кој Герасимовски го вети на центарци.

Јавноста заслужува да знае, зошто учениците од училиштата во општина Центар два месеци се без бесплатен оброк директно ветени од Герасимовски? Училиштата започна на први септември со работа, денеска е 16 ноември, центарци се излажани!

Почитувани,

Бетон Герасимовски по стапките на Венко Филипче, ветува а не исполнува.

Но, иако нема бесплатен оброк, ВМРО-ДПМНЕ во интерес на граѓаните, учениците и нивниот ученички стандард, на седницата во петок, 13-ти ноември го поддржа предлогот за субвенциониран оброк.