Од бесплатен оброк за сите ученици до субвенција од 1.000 денари е уште едно неисполнето ветување на градоначалникот Герасимовски и СДС.
Почитувани, СДС и Герасимовски продолжуваат да ги манипулираат родителите во Општина Центар, претворајќи го предизборното ветување, бесплатен оброк за сите ученици во обична субвенција.
Ветуваа „Бесплатен оброк за сите ученици“, а денес е реалноста дека тоа е субвенција од 1.000 денари, која за секој ученик би се префрлала на училиштата. Додека еден оброк чини 2.500 денари, а во некои случаи и повеќе, остатокот од трошоците ќе падне на товар на родителите.
Ова не е бесплатен оброк, ова е делумно субвенционирање, тоа е едно од ветувањата кое не ги исполни Герасимовски, а ја бараше поддршката од граѓаните.
Дополнително, среде ноември, Општина Центар ја менува Програмата за образование, во точка 22, насловена „Бесплатен оброк за сите ученици“. Од првично предвидените 15 милиони денари сега се намалуваат на 8 милиони денари.
Тука легитимно се поставува прашањето каде ќе завршат останатите 7 милиони денари? Зошто се кратат средствата наменети за учениците и дали овие пари навистина ќе завршат кај основците и нивните потреби? Родителите заслужуваат транспарентност и конкретни одговори, а не постојани промени на ветувањата.
Ова е ветување кое се провлекува уште од 2021 година, а наместо негово исполнување, Герасимовски и СДС постојано го менуваат моделот и финансискиот товар кој го префрлаат на семејствата.
Образованието, ученичкиот стандард и исхраната не смее да биде тема на политички маркетинг. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секое решение кое реално им помага на учениците во општина Центар и ги олеснува трошоците за родителите но, тоа не значи дека ќе молчиме за манипулациите и за неисполнетите ветувања.
Поддршка ќе дадеме на овој субвенциониран оброк, бараме затоа одговор: каде 7 милиони денари ќе се кратат од првично предвидените средства и за што ќе завршат и зошто родителите повторно мораат да ја плаќаат разликата?
Од предизборно ветување „бесплатен оброк за сите ученици“ до реалноста „субвенциониран оброк од 1.000 денари “ кон училиштата. Тоа е вистинската слика за исполнувањето на ветувањата на Герасимовски и СДС.








