Почитувани,
Иако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.
Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“.
Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел – да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе.
На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа.
Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс.
Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс.
Почитувани,
Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда.
Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот.
Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар.
Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен.









