22.10.2026

ЈАВЕН ПОВИК

За кандидирање за членови на Републички Комисии на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

Врз основа на член 80 став 6 од Деловникот за организациона посветеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, се објавува јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа за:

  1. Комисија за здравство и социјална политика
  2. Комисија за образование и наука
  3. Комисија за економија
  4. Комисија за односи со јавност и дигитална трансформација
  5. Комисија за правни работи, јавни политики и локална самоуправа
  6. Комисија за животна средина и одржлив развој
  7. Комисија за земјоделие

Кандидатите за членови на Комисиите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават биографија (CV) и мотивационо писмо.

Кандидатурите се доставуваат електронски најдоцна до 05.11.2026 година на: [email protected].

Кандидатите треба да поседуваат соодветно знаење, искуство и квалитети во областа за која аплицираат. По разгледувањето на кандидатурите, избраните кандидати ќе бидат дополнително контактирани за разговор.

По разгледувањето на кандидатурите секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од ВМРО-ДПМНЕ со кого ќе биде извршен разговор за неговата кандидатура. Се очекува кандидатите кои ќе бидат избрани да бидат лојални на ВМРО-ДПМНЕ, активно да учествуваат во работата на партијата и да дадат придонес во градењето на Република Македонија како модерна, економски развиена и демократска држава.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да не изврши избор, секој кандидат има право да ја повлече својата документација, односно неговото соодветно барање.

Објавата и апликацијата се достапни на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ www.vmro-dpmne.org.mk

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ