Еве ги СДС пак со темни сценарија.
СДС и Венко Филипче нивниот неуспех, дебакл и дното до кое се стигнати, не можат да го покријат со ниту една прес-конференција во која шират паника, хистерија и страв кај граѓаните со измислени апокалиптични сценарија.
Првично прогнозираа темни сценарија, а веројатно и посакуваа, дека ќе банкротира државата, дека ќе дошле мигранти, дека јавниот долг и инфлација енормно ќе се зголемиле, дека цените на нафтата ќе порасне, дека ќе останеме без вода ако во Македонија се градат дата центри и што ли уште не.
Од сите нивни црни сценарија, или пак желби, за состојбите во државата, ништо не се оствари. Државата не само што не банкротира, туку по седумгодишниот економски пустош што власта на СДС го остави состојбите се подобруваат и Македонија се движи напред, мигранти нема, јавниот долг е на историски најниско ниво, инфлацијата во септември е 2,7%, а нафтените деривати најевтини од сите земји во регионот.
Кога сме кај инфлацијата, ќе го напоменеме и следниот податок, кој изгледа од СДС не сакаат да го видат. Според Евростат, Македонија со 2,5% има најниска просечната годишна стапка на инфлација за третиот квартал, односно јули-септември 2026 година од сите земји во регионот.
Сега, пак, СДС повторно заплашува дека ќе има поскапувања, дека тешко ќе се живее, дека платите не стигнуваат и тоа преку Јованка Тренчевска.
Инаку, Тренчевска е ексминистерката за труд и социјална политика на која во опис на работа и беше животниот стандард на сите категории македонски граѓани, почнувајќи од пензионери, во социјален ризик, работниците, а за нив ништо не направи. Пензионерите ги остави со најниски пензии, работниците со плати кои сега не им се допаѓаат.
Како поранешна министерка во владата на СДС донесе методологии за платите и пензии кои сега ги критикува дека не биле добри и дека согласно нив, покачувањата не биле доволни.
СДС дополнително заплашува и со работните дозволи за странските работници, што како пракса започната исто така од периодот на власт на СДС, се ангажираат согласно потребите на пазарот.
Македонија не е единствената држава која се соочува со недостиг на работна сила, такви проблеми имаат и поразвиени европски држави кои недостатокот, исто така, го пополнуваат со работни дозволи за странски државјани.
Оттука на СДС на чело со Венко Филипче и појаснуваме, Македонија не е донесена на никакво дно, туку со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се извлекува од дното во кое седумгодишната власт на СДС ја донесе.
Ценовен удар ниту имало ниту ќе има, мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е безидејност и дебакл на СДС на чело со Венко Филипче, како последниот на изборите во Брвеница.







