18.10.2026

Манасиевски: СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија

Почитувани,

СДС како адвокат застана во одбрана на Михаилова, која избега од судски процес заради извештај направен од другарот на Филипче и Заев, докторот Иван Барбов.

Во извештајот на криминалниот доктор Барбов пишуваше дека таа морала да се лекува во Бугарија, а нашите сомнежи се јасни, а тоа е дека зад овој извештај стојат Филипче и Заев.

Дури и Барбов јасно кажа дека Ива Михаилова немала големи медицински проблеми и дека лекувањето можело да се продолжи и во Македонија.

Со овој став на Барбов, нашите сомнежи дека извештајот е фингиран, уште повеќе се потврдуваат.

Тоа се потврдува исто така, и со тоа што СДС и Филипче се ставија на тацна на Бугарија и Михаилова, во првиот случај како амбасадори, а во вториот како адвокати.

Затоа, очекуваме да се истражи случајот од надлежните органи и да добиеме правда.