16.10.2026

Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?

Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги.

Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори.

Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања.

Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење?

Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија?

Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето.

А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции.

Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени.