15.10.2026

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче, упатени кон трагично и ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче, упатени кон трагично и ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски.

Згрозени сме од квалификациите кои ги дава Венко Филипче, ставајќи го во контекст на криминал и незаконско работење.

Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници.

Нема да се спуштаме на негово ниво и да ја употребуваме неговата реторика, иако би имале многу да кажеме. Но, она што и Венко најмалку го должи спрема Брвеница и семејството на градоначалникот е да ги почитува ликот и делото на Јовица Илиевски, кој важеше за мирен, семеен и исклучително чесен човек, кој двапати по ред ја добиваше довербата на жителите на општината.

Граѓаните ваквото однесување на Филипче ќе го запаметат при наредното гласање.