29.09.2026

Петрушевски: Му порачуваме на Филипче да не се грижи за Македонија, прво нека ги консолидира страстите во опозицијата за СДС да застане на нозе 

Почитувани,

Талогот од СДС и контаршот Венко Филипче речиси секој ден ги слушаме како повторуваат само едно – ние сме против. 

И така повторуваат дека се против нови индустрии и дата-центри, против рудници, против антимон. 

Потоа ги слушаме како се загрижени, сега за како што велат новото задолжување. 

Во оваа прилика ќе им порачаме дека нема потреба да се грижат и нека погледнат каква е големата слика во економијата. 

Во тој контекст ќе ги потсетиме на некои бројки. Во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

Оттука да му порачаме на контрашот Филипче и талогот во СДС, немате простор за грижа, се е под контрола и се движи во нагорна линија кога станува збор за развојот на државата и економскиот раст.

Филипче засега нека размисли како да ги смири страстите во опозицијата, ако воопшто сака да биде човек кој води сериозна партија, бидејќи вака СДС се движи кон пропаст.