17.09.2026

Наместо СДС да шири паника нека ги погледнат фактите, 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата, СДС да не се грижи пензискиот фонд е стабилен

Пензионерите денес имаат конкретени резултати коишто се мерливи со бројки, а не со дневнополитички обвинувања и блед обид за  собирање на политички поени на СДС.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

Во време на СДС, над 200 илјади пензионери живееја со мизерни пензии под 14 илјади денари, а годишните зголемувања на пензиите беа околу 180 денари.

Додека СДС зборува  за наводна финансиска нестабилност, фактите покажуваат дека пензиите продолжуваат да се исплаќаат навремено и дека државата обезбедува средства за ефикасно функционирање на пензискиот систем.

Лицемерно е денес СДС да создава паника кај пензионерите, кога СДС со години не успеваа да обезбедат зголемувања, што реално ќе го подобрат нивниот животен стандард.

Пензискиот систем не функционира така што пензиите зависат само од тековните придонеси. Како и во голем број европски држави, кога е потребно, државниот Буџет обезбедува средства за исплата на пензиите.

СДС да не се грижат, пензискиот фонд е стабилен.

Затоа, наместо ширење страв и политички конструкции, од СДС треба да се соочат со фактите и да ги прашаат пензионерите како живеат денес, а како во 7-те години владеење на СДС и ДУИ.

Денес, со Владата на ВМРО-ДПМНЕ  пензиите се зголемени, исплатата е редовна, а државата ги обезбедува потребните средства за пензионерите.

Пензионерите заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а не политички игри на СДС со нивната егзистенција.