16.08.2026

СДС по 7 години крадење на државата, дали донираше едно шише вода во Гостивар?

СДС, заедно со ДУИ, владееше 7 години. По 7 години, прашањето на кое СДС треба да одговори е: зошто не донираа ниту едно шише вода во Гостивар?

Тука завршува нивната грижа за Гостивар и почнува политикантството. Истото тоа политикантство преку кое СДС се претставува за душегрижник за гостиварци, а притоа збор не кажаа за единствено надлежниот за овој случај и стопанисувањето со водата за пиење – гостиварскиот градоначалник, кого СДС го поддржа на изборите.

Притоа, СДС не сака да се знае за тоа што Венко Филипче, како министер за здравство, имал најмалку 400 извештаи за загадена вода и не издал никаква забрана, ниту пак на кој било начин реагирал?

Е, тоа е за кривична одговорност, поради што ги повикуваме надлежните институции да постапат и да покренат истрага.