05.08.2026

Ангелова: Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот, а сега себе си се препознаваат како ,,талог“

Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот.

Најлесно е да се препознае кога некој нема аргументи тогаш почнуваат манипулациите, лагите и обидите да се создаде страв. Но граѓаните одамна научија да ја препознаваат разликата помеѓу празни зборови и вистински резултати.

Предолго гледавме како државата стагнира, како кризите се користат за лични интереси, а институциите наместо на народот да му служат, им служеа на поединци.

Денес се гради поинаков пристап. Пристап во кој успехот на Македонија е најважен, а не успехот на неколкумина.

Нашата обврска е да продолжиме со работа, да создаваме можности и да покажеме дека Македонија може многу повеќе.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/19BzeHLbE7