Доста е од умислени елити и лажни авторитети!
Општествениот талог со години се обидува да се претстави како елита, луѓе кои не знаат да работат, не знаат да создаваат, а уште помалку знаат што значи да се работи за државата и за народот.
Од високо гледаат на обичните граѓани на Македонија, убедени дека им припаѓа правото да одлучуваат, да владеат и да ја кројат иднината на Македонија, притоа забораваат дека Македонија не е нивна приватна сопственост!
Времето на привилегирани, недопирливи и самопрогласени елити заврши.
Народот знае кој работи, кој создава и кој се бори за државата, а кој само зборува, критикува и чека повторно да се врати на привилегиите.
Македонија им припаѓа на граѓаните, а не на оние што се сметаат себеси за предодредени да владеат, прифатиле вие или не!
Единствената вистинска легитимација кај граѓаните се работа, резултати и одговорност.
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/1BeyT1TGTA/?mibextid=wwXIfr








