Почитувани медиуми, почитувани граѓани,
Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани.
Венко Менгеле и СДС не може да бегаат од одговорност, но не може ни да бегаат од хаосот кој го создадоа во здравството, а ние веќе 2 години работиме да го подобриме.
Зошто Венко Менгеле нема право да говори за здравствениот систем? Затоа што граѓаните многу добро паметат за:
Ковид кризата министер за здравство Венко Филипче, трета земја во светот по процент на смртност;
Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка и наместо по 32 долари за вакцина тој сакаше да ги купи со договор за 67 долари;
Ковид криза министер за здравство Венко Филипче, наместо заштита на граѓаните и животот на граѓаните, му се запали модуларната болница во Тетово и живи изгореа 14 наши сограѓани, поради анекс за 20%;
Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо;
Во негово време на онкологија се даваше физиолошки раствор наместо лекови за болните од рак;
Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој сакаше да ја турне аферата „Крвави тендери’’ за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вредна 35 милиони евра, која благодарение на ВМРО-ДПМНЕ не се дозволи.
Добро го паметиме и Венко Менгеле по тоа што добиваше автомобили од фирми на кои доделуваше тендери со неговиот ментор Заев, го паметиме по становите што ги имаат во Дубаи, како и 40 катницата која Заев ја градел, го паметиме и по журките на Харис Џиновиќ кои чинат стотици илјадници евра, луксузните прошетки во Грција на луксузната јахта на неговиот ментор Заев.
Почитувани граѓани,
Венко Менгеле и СДС, треба да понесат одговорност за се што се случуваше во државата изминатите години. Тоа ќе се случи кога токму тие обвинители и судии кои денес уште ги штитат, ќе почнат да судат правда, а не изговори.










