23.07.2026

Андреевски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар бараат посебна седница за извештајот на ДЗР за ПОЦ

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара.

Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки само за да прави дефокус од оваа финансиска афера од невидени размери.

Ревизискиот Извештај со кој на виделина испливаа еден куп сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на Центарци. Сомнежи кои допрва треба да се најдат пред Обвинителството за организиран криминал и корупција. Извештај кој само го навести крајот на децениското недомаќинско работење на СДСМ во Центар.

Сите овие забелешки се преземени од ДЗР:

Имено, Паркинзи на општина Центар отпишале, односно не наплатиле преку три милиони денари долгови. Поради неодговорност или намерно, оставиле да застарат. Не биле преземени соодветни мерки за присилна наплата, што фрла сомнеж дека ова биле долгови од луѓе и фирми блиски до Венко Филипче и Зоран Заев.

Извештајот фрла и сериозен сомнеж на затајување даноци, односно штета на државниот буџет од 247 илјади денари, пари на граѓаните.

Од ДЗР откриле и неправилности во 27 постапки за јавни набавки во вредност од 46 милиони денари. Откриле несоодветни и ограничувачки услови за тендери, поставени само за да се фаворизира одреден изведувач.

Неправилно водење попис на кеш пари и немање единица за внатрешна ревизија, веројатно за да не се знае што се прават со парите на центарци…

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1BZ7zeXuMK