Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти.
Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица.
Договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува.
Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат.
Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес.
И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија.
Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата.
Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин.








