Економските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини.
Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%.
Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.
Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти.
Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари.
Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%.
Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%.
Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти.
Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26.
Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата.








