Денеска одржавме уште една средба на работната група за Изборниот законик, на којшто по наша иницијатива сакавме да го искористиме моментот да ги прашаме другите партии коишто се соучесници на тој кворум, дали има одредено унапредување во однос на ставовите од претходниот пат.
Нашиот став беше да дадеме можност во законот и да отвориме простор за дијаспората да се изјаснува на модел којшто е различен од овој сега. Знаете дека нашиот предлог беше прво електронско гласање, потоа заради одредените различни ставови со опозицијата го променивме во поштенско гласање и укажавме дека гласањето треба да се регулира со поздаконски акт којшто ќе биде донесен на Државната изборна комисија, до крајот на 30.09.2028 година.
Од политичките партии коишто се дел од опозицијата бевме информирани дека нема промена на ставовите, со што ние како коалиција, заедно со Влен и со ЗНАМ понудивме еден друг модел, којшто сметаме дека треба да биде прифатен, бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од тоа што може сега. И ние понудивме вака, да седнат политичките партии коишто се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДС, Левица, како и некои други помали политички партии i меѓусебе да се договорат за сите различности коишто ги имаат, отприлика 4 клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите.
Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и да седнат и меѓусебе да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии кое ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме. Повторувам, сето тоа коешто ќе го доворат, Левица, СДС, ДУИ и другите опозициски партии, од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали коишто се инкорпорирани ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно-загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори.








