07.07.2026

„Месеци на практикантство“ конкретна мерка преку која студентите ќе стекнат практична работа и искуство, а општините ќе обезбедат нова енергија, идеи и кадар

Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините.

Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети.

Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021 – 2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024 – 2044.

Целта на оваа мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство е да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност.

Мерката за практикантство е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон инвестирање во човечкиот капитал и подобрување на структурата на работната сила, преку која ќе се воспостави поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите.

Вклучувањето на младите ќе го координира Агенцијата, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, согласно реалните потреби на општинските администрации, ќе ја организира и координира нивната практична работа.

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ младите се вистински приоритет, а не само тема во предизборните програми и тоа го докажува со вакви конкретни мерки и политики. Ваквите програми владата им овозможува на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и кадар.

Визијата и целта на Владата е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој и својата иднина да ја градат во Македонија, додека државните институции да го искористат целиот нивен потенцијал, знаење и енергија.