Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДС и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев.
Така, коалицијата СДС-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за овој закон.
Венко Заев и СДС, од страв од длабок пораз, се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората да може да го искористи своето право на глас по електронски пат или по пошта.
Но, од СДС и Венко Заев ваквиот предлог беше одбиен, затоа што голем е стравот и паниката кај нив, за тоа дека македонските граѓани кои ја напуштија државата во периодот на нивно владеење, кое не е така одамна, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.
Апасиев и Левица, пак, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, во работната група меѓу сите политички партии.
Целта им е да се претстават пред јавноста како партија која со која нема преговори и која не прави компромиси. Жално е што на ваков начин, на штета на македонските граѓани кои од мака заминале од државата, се обидуваат да добијат политички поен повеќе.
Со ваквата блокада, не и се наштетува само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата и поради тоа Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.
Едноцифрените рејтинзи на СДС и Левица во континуитет од неколку години, ги доведе до стадиум на избезуменост и спроведување на политики со негативни последици по двете партии, но и на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот и повикува Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето можност македонската дијаспора по електронски пат да го оствари своето право на глас.








