Весна Ѓорѓиева пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет истакна дека со предложениот ребаланс вкупните приходи се зголемуваат од 374 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, а тоа е зголемување од 4 милијарди 575 милиони денари.
„Особено сакам да нагласам дека ребалансот не значи откажување од развојната политика. Напротив, со предложениот ребаланс вкупните приходи се зголемуваат од 374 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, а тоа е зголемување од 4 милијарди 575 милиони денари. Во првиот квартал од 2026 година, според Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ забележа раст од 3,1% и што докажува дека домашната економија успешно се приспособува на сите предизвици што ги донесе најголемата светска криза. Индустриското производство покажува закрепнување“ кажа Ѓорѓиева и додаде:
„Градежништвото бележи значителен раст од 7,25%, а странските директни инвестиции се зголемени речиси за 47% во однос на истиот период минатата година. Тоа покажува дека економските основи остануваат стабилни и покрај надворешните ризици. Сакам да нагласам дека во првата половина од годината капиталните расходи достигнаа 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5% во однос на истиот период минатата година. Тоа значи повеќе средства за локална инфраструктура, патишта, железници, водоводи, канализација, училишта, градинки, болници и проекти што ќе создаваат економски раст и нови работни места“.
Ѓорѓиева потенцираше дека со ребалансот гледаме зголемување на капиталните дотации кон единиците на локалната самоуправа кои се зголемуваат за 66,1% и достигнуваат 4 милијарди 235 милиони денари. Тоа значи повеќе локални проекти, повеќе јавна инфраструктура.
„Во ребалансот гледаме зголемување на капиталните дотации кон единиците на локалната самоуправа кои се зголемуваат за 66,1% и достигнуваат 4 милијарди 235 милиони денари. Тоа значи повеќе локални проекти, повеќе јавна инфраструктура. Во делот на образованието во вкупниот буџет согласно предложените измени е проектиран раст од 3,1% односно износ од 1 милијарда и 404 милиони денари. И во делот на здравството ребалансот е проектиран да располага со вкупен износ од 8 милијарди 140 милиони денари што претставува зголемување од 7,6% односно 573 милиони денари повеќе во однос на иницијалниот буџет од 2020 за 2026 година“ истакна Ѓорѓиева и додаде:
„Кај земјоделието, шумарството и водостопанството со овој предлог ребаланс е проектирано да располага со 2 милијарди 167 милиони денари, што претставува зголемување од 299,9 милиони денари или 16,1% во однос на иницијалниот буџет за 2026 година“ заклучи Ѓорѓиева.








