На денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека според податоците за реализацијата на капиталните расходи, во 2024 година таа изнесувала 12,9 милијарди денари, додека во моментот достигнува 19,3 милијарди денари. Тој посочи дека со ребалансот на Буџетот капиталните расходи се зголемуваат за 4,747 милијарди денари, платите за 1,128 милијарди денари, а субвенциите и трансферите за 3,094 милијарди денари, при што дел од средствата се насочуваат кон земјоделство, железничкиот сообраќај, студентскиот и ученичкиот стандард, како и социјалните трансфери.
„Ако гледаме ние реализација на капитални расходи, 2024та година кога го критикувавме беше реализацијата на капиталните расходи 12 милијарди 12,9 милијарди денари, а сега во овој момент реализацијата е 19,3 милијарди денари. Реализација на капитални расходи. Но мораме да бидеме јасни и кога зборуваме за бројки. Ако капиталните расходи во ребалансот се зголемуваат за 4 милијарди 747 милиони денари, значи 4 милијарди 747 милиони денари повеќе средства се извојуваат за реализација на проекти до крајот на годината. Ако одиме за плати 1 милијарда 128 милиони денари повеќе, ве молам запишувајте ги бројките па после да ми кажете зошто ќе ве прозивам сите за овие бројки. Субвенции и трансфери растат за 3 милијарди 94 милиони денари. Овие средства се повеќе за земјоделство, железнички сообраќај, студентски ученички стандард, породилно боледување, мои ДДВ и социјалните трансфери коишто вие ги пофаливте од тука за 2 милијарди 234 милиони денари“, рече Стојаноски и додаде:
„Ова е идеологијата на нашите бројки, а тоа е патиштата коишто вие ги кажавте и тоа секако сакам да бидете сигурен вие дека тоа ќе биде реализирано. Многу работи да ги почнавме пред две години, сега ќе ги завршевме, но пред две години барем вие кога бевте заедно со нас, кога сме биле на една иста линија знаете што сме критикувале. Не започнавме од нула, туку започнавме од дебел минус, сега да ја стабилизираме, ја стабилизираме ситуацијата и од овој момент натака можете да видите дека се градат галерии, автопати, експресни патишта. Така да јас лично ве уверувам со целиот мој кредибилитет и тие патишта коишто вие ги кажавте ќе бидат реализирани“.








