Емилија Ангелова пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет каде што нагласи дека буџетскиот дефицит не е од непродуктивно трошење, напротив е за инвестиции како Коридорот 8 и проекти од значење за граѓаните на Македонија.
„За да бидеме малку по конкретни во однос на буџетскиот дефицит, меѓутоа да бидеме и чесни кон јавноста. Спомнавме неколку пати дека има буџетски дефицит, меѓутоа тој буџетски дефицит не е од непродуктивно трошење, ниту пак е нешто коешто предизвикува луксузирање и така натаму. Практично тоа се инвестиции, ги спомнав Коридор 8 и да не се повторувам сето она за коешто треба да и вие бидете среќни дека се случува во државата“ кажа Ангелова.
Ангелова упати критики до СДС бидејќи ги спомнуваат учебниците, истите оние кои не ги обезбедуваа во училиштата за време на владеењето на СДС и им посочи дека за разлика од владеењето на СДС сега оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено ги испорачува учебниците низ училиштата во државата.
„Ги спомнавте материјалите, ситниот инвентар и учебниците. Таму има зголемување. Сметате дека не треба да имаат учебници учениците? Дали сметате дека имањето учебници е небитно за еден ученик во 21от век? Дали сметате дека она коешто вие го заборавивте да го направите во даден период треба и ние да бидеме во истата рамка и да заборавиме дека учениците треба да учат од учебници“ нагласи Ангелова.








