Почитувани,
Не е важно кој од СДС ја води Општина Центар,
Општина Центар крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар.
Додека центарци очекуваат повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетни услуги, локалната власт предводена од кадрите на СДС, со секој изминат ден, ја влечат општината во сопствената пропаст.
Наместо скоро 2,5 милиони евра за нови лулашки, нови улици и тротоари и велосипедски патеки, сега тие се трошат на судски тошоци и оштета затоа што Андреј Жерновски пред 10 години реши да го раскине договорот со „Пелагонија Гостивар“ за изградба на нова катна гаража, за што општината има загубен спор на суд и добиено милионски пенали и штети врз буџетот на општината.
Па да се потсетиме дека и најавија истраги за тоа, кој ја донел оваа штетна одлука и најавија одговорност. Еве, осум години подоцна, одговорноста наместо кај СДС, падна врз грбот на центарци, да ги плаќаат нивните расипнички одлуки.
Истрага немаше, нема катна гаража, ги нема ниту парите за нејзина изградба, поради душманското работење на кадрите на СДС. А наместо одговорност, Жерновски доби повисоки политички позиции и трансфер во врвот на СДС како награда.
Почитувани,
Ние центарци знаеме и без фиктивните истраги на СДС.
Знаеме дека одговорноста за душманското расфрлање со наши пари е кај нив.
Знаеме дека без разлика дали е Герасимовски или некој друг, СДС е елементарна непогода за Центар.
Знаеме дека мора да им ставиме крај.










