Почитувани,
Продолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС.
Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар.
Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до Венко Филипче.
Целта е јасна, Герасимовски очигледно сака да му се раздолжи на Филпче за партиските унапредувања и позиции, а притоа да ја вовлече Општина Центар во заедничка пропаст, заедно со нив.
Во меѓувреме, новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар остануваат непроменети. Правилникот на ПОЦ кој вели дека, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса, е во полн ефект.
А центарци полека но сигурно, стануваме туѓинци во своите маала, за да не можеме да паркираме пред сопствените домови.
Почитувани,
СДС и Герасимовски мора да одговорат, зошто ја блокираат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подостапен паркинг на жителите на Општина Центар?
Герасимовски да каже, дали тој лично ќе оди од куќа до куќа, за да решава, за чие возило паркингот ќе е бесплатен, а кој ќе мора да остане без автомобил, поради изнудата која ја спроведува?!
Ги повикуваме советниците на Зоран Заев и Венко Филипче, веднаш да ја стават на дневен ред иницијативата за промени во ценовникот на ПОЦ, бидејќи центарци не смеаат да плаќаат фиктивни ќирии за тротоарот и сокаците пред сопствените домови.
Ви благодарам.










