29.05.2026

Петрушевски: Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра за луксуз во Црна Гора

Почитувани,

Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора.

Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на Јадранот.

Трпе Деаноски добро знае да ја искористи позицијата на претседател на синдикат, со тоа што потрошил 60.000 евра, пари на синдикалците за луксузирање во Црна Гора.

Ова отвора сериозно прашање, дали парите на синдикалците се користат за вистинска борба за работничките права или за скапи патувања, туристички аранжмани и настани надвор од Македонија?

Затоа и ССМ паѓа со бројката на членови, а и со својот кредибилитет и легитимитет.

Синдикалците на батерии излегоа на површина, а со тоа и кои се нивните вистински намери во синдикалното делување.