28.05.2026

Петрушевски : Синдикални пари за луксуз во странство, Деаноски од УПОЗ потрошил над 60 илјади евра во Црна Гора за спортски игри

Почитувани,

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини.

Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски одлучил парите на членовите на синдикатот да завршат во странство, во атрактивна туристичка дестинација на Јадранот.

Со години, синдикалните претставници се претставуваат како заштитници на работниците и гласни критичари за економската состојба во државата. Но, зад таа реторика, раководството на УПОЗ, предводено од Деаноски, очигледно немало проблем да троши огромни суми за луксуз, патувања и спортски настани надвор од Македонија.

Особено загрижува фактот што станува збор за средства обезбедени од чланарините на синдикалците, луѓе кои секој месец издвојуваат дел од својата плата со очекување тие пари да служат за заштита на нивните права, а не за раскошни патувања и туристички аранжмани.

Ова е уште еден доказ за двојните стандарди на дел од синдикалното раководство на ССМ, едно зборуваат пред јавноста, а сосема поинаку се однесуваат кога располагаат со парите на своите членови.