СДС и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата.
Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат.
Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на членот на ИО Рубин Земон, кој тврдеше дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет.
Земон даде скандалозни изјави за Гоце Делчев, за кои потоа мораше да се извинува, а беше објавена негова фотографија од средба со истакнати антимакедонски активисти во Софија, за која тој вели дека била случајна.
Филипче е опкружен со луѓе, на кои не им сметаат предавничките политики и навредите кон Македонија.
Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче.
Со мекотелните политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања.
Како што тргнал Филипче на крај ќе остане сам со кланот Заеви.








