Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова ?
Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев.
Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.
За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да дојдат до власт.
СДС, Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, наместо да ги бранат македонските интереси Филипче повикува на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите.
Со што е толку уценет и исплашен Филипче од бугарски политичари па ги шири и спроведува нивните политики во Македонија.
Државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС. Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство.








