СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси.
СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси.
Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од Реформската агенда во Собранието.
Додека СДС и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој доби десетици државни тендери во време на СДС и Миодраг Давидовиќ – Дака за кој само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово, за да му се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици.
Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е спремен да ги распродаде националните интереси. Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.
Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси. СДС и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт и да си ги полнат сопствените џебови.
Поради СДС, Заев и останатите државата е во ќорсокак токму поради погрешните политики како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, и Францускиот предлог.
Граѓаните знаат кој работи за напредок, стабилност и заштита на националните интереси а кој е подготвен повторно да тргува со историјата, идентитетот и националните интереси само поради власт и лични цели.








