Почитувани,
СДС и Филипче се додворуваат на Бугарија и испраќаат пораки дека се спремни за ново национално предавство.
СДС и Филипче немаат црвени линии, тие за власт веднаш би направиле нови предавства.
Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка.
Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го продолжи, со тоа што се додворува за да исполнува агенди на други земји.
СДС прифаќаа се што ќе им се ставеше на маса, па така успеаја да ја блокираат и преговарачката рамка за ЕУ.
Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Францускиот предлог се еклатантни примери дека СДС беше подготвен да ја премине секоја граница на штета на македонскиот народ и државните интереси.
За СДС и за Венко Филипче ништо не значат македонскиот идентитет, националните интереси и македонската државност.
СДС со Венко Филипче повторно се подготвени да прават национални предавства, затоа и рејтингот им опаѓа и тие стануват маргинализирана партија.










