29.04.2026

СДС и Филипче уште еднаш се демантирани, средствата од ИПАРД програмата повторно се ставени на располагање на земјоделците

Лагите на СДС повторно паднаа во вода, средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за македонските земјоделци, без никакви блокади и без никакви неправилности.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реагираше брзо, одговорно и државнички. Наместо да шири паника, како што тоа го правеше СДС, по случајот со злоупотреба на претходниот директор на платежната агенција, институциите веднаш презедоа конкретни чекори и побараа вонредна контрола од Европската комисија со цел целосно расчистување на состојбата.

Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската Комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира.

Резултатот е јасен и недвосмислен, нема никакви злоупотреби, нема неправилности и системот функционира. Ова е официјално потврдено од европските институции, што претставува силен демант на сите невистини пласирани од СДС.

Особено важно е да се нагласи дека средствата никогаш не биле блокирани од Брисел, спротивно на лагите што СДС свесно ги ширеше за да предизвика страв и недоверба кај земјоделците.

Додека СДС се занимава со дезинформации и дневнополитички манипулации, Владата работи транспарентно, одговорно и во интерес на граѓаните. Наместо шпекулации фокусот е ставен на мерливи резултати.

Ова е уште еден јасен доказ за деструктивниот пристап на СДС и нивната неспособност да понудат нешто повеќе од лаги. Граѓаните веќе ја препознаваат таа матрица и знаат кој работи, а кој манипулира.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грижата за земјоделците како и модернизација и развој на земјоделието во државата.