Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги.
Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми.
Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, со јасна и недвосмислена порака дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за располагање. Средствата никогаш не биле блокирани.
Исто така, Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој.
Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења.
Интервјуто кое Филипче со толку ентузијазам го спинуваше, и кое, како што кажа Вајц, е снимено за бугарска телевизиска станица, е дадено пред седум недели. Од тогаш до денес, Вајц лично напомена дека се преземени конкретни чекори и дека постои видлив напредок, а потврди и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача минатата година, како што испорачува и оваа година.
Значи Филипче воопшто не е информиран, ниту пак е во тек со нештата. Извлече застарена изјава, ја изолира од контекст, ја сервираше на јавноста како актуелна и сето тоа за да конструира лажна слика.
Дали некој воопшто го информира Филипче или тој свесно и методично ја следи сопствената агенда, без оглед на фактите и последиците?








