29.04.2026

СДС и Филипче повторно се на истата линија, власт по секоја цена со распродажба на националните интереси и штета на државата

Предавствата се генетски код на СДС, отстапки, компромиси и сервилност се синоними за СДС за клучните државни одлуки и промени кои ја обликуваа државата.

Филипче и СДС и денес се подготвени на отстапки поврзани со јазикот, културата и идентитетот само поради власт и свои лукративни цели.

СДС на чело со Филипче исто како и неговиот ментор Заев повтроно ја ставаат државата на распродажба, нудејќи ги најчувствителните национални прашање како карта за да се дограбат до власта.

Прашањата за идентитетот и историјата, не смеат да бидат предмет на политичко пазарање. Пристапот на СДС и Филипче за односите со Бугарија наликува на прифаќање на туѓи наративи на штета на македонскиот јазик, историското наследство, идентитетот и националните интереси на државата.

Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојде тој на власт и да може да краде.

СДС и Филипче да престанат да ја манипулираат јавноста со наративот „ уште една мала отстапка“ ќе ја донесе државата до ЕУ. Таа приказна на СДС се повторува со децении, а не дава никаков резултат.

Македонија даде многу и направи големи чекори и голем влог за ЕУ интеграциите. Но, граѓаните се уморни и ја препознаваат матрицата на СДС на празни ветувања и политички пазар на штета на националните интереси.

СДС да престане да манипулира. Приказна на СДС за “последниот чекор“ се повторува со децинии, од знаме, име, уставни промени и тоа никогаш не е последен чекор. Довербата опаѓа, реалните резултати изостануваат, а цената што се плаќа е се поголема. СДС 35 години води сервилна политика и ги лаже граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС има јасни и цврсти позиции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води политика што ги штити националните интереси и достоинството на македонските граѓани.